Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ)

Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C.

Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.