Поплави и проблеми во градовите Волос и Ламиа во централна Грција, како и на островите Крф и Скиатос, предизвика невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати земјата и донесе обилни врнежи од дожд, молњи, засилен ветер и забележлив пад на температурата, јави дописничката на МИА од Атина.
Најголеми проблеми има во Волос, каде што голем дел од улиците се поплавени, а во прекин е и железничката линија што го поврзува градот со Лариса.
Преку бројот 112 за итни случаи вчера до жителите на пет области во северна и централна Грција беше испратена предупредувачка порака за опасни временски појави и ограничување на движењата.
Невремето се очекува да трае до утре, а прогнозите се дека и во текот на денешниот ден обилни врнежи од дожд ќе има во северна и централна Грција, во делови на Пелопонез, на островите во Јонското море итн
За невремето „Даниел“, министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас вчера рече дека станува збор за „екстремен природен феномен“ и истакна дека е потребан внимателност од сите, како од властите така и од граѓаните
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.