По повод меѓународниот ден на туристичките водичи Македонската Асоцијација на туристичките водичи и придружници на ден 19 февруари ќе организира бесплатен разглед на градот Скопје со појдовна точка од меморијална куќа на мајка Тереза на улица „Македонија“ до Скопското Кале, информираат од асоцијацијата.

Термините за разглед на градот Скопје и Битола:  Во Скопје ќе биде со почеток во 12,13 и 14 часот во Битола со почеток во 12 часот. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој разглед и да учествуваат на овој настан ги очекуваме, информираа од Македонската асоцијација за туристички водичи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.