Во пресметката на трошоците за одмор во Грција летово треба да го вклучите и поскапувањето на патарините.
Во просек изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто, што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната година.
Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така, од Солун до Атина, наместо 31,35 евра сега цената е 33,75 евра, додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра, додека била 11,8 би била новата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.