Главна карактеристика на летото беа големиот број последователни денови со многу високи дневни и ноќни температури, главно во урбаните центри, пишува порталот „Метео“ на Националната опсерваторија на Атина, анализирајќи ги податоците од мрежата на метеоролошки станици, според кои во текот на летото, просечната вредност на максималните дневни температури беше многу висока во цела Грција, споредбено со просекот од 2010-2019 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Од анализата на максималните температури произлегло дека 22 отсто од 500 метеоролошки станици, измериле максимална температура од над 37 степени најмалку 25 дена, додека пак во градот Гавалу, во западниот дел на континентална Грција и во Скала во југозападниот дел на Пелопонез, во 60 од 92 денови од летото, максималната температура надминала 37 степени.

Во центарот на Атина половина од летото, односно 45 дена температурата била над 37 степени, додека во текот на ноќта во 60 од 92 дена температурата не паднала под 26 степени.

Особено високи биле и минималните дневни температури во големите урбани центри, додека температурата била околу 26-28 степени во текот на ноќта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.