Зошто никој не зборува за ова место?“

Светска патничка која патува сама, вчудоневидено вели:

Охридското Езеро е едно од најпотценетите места во Европа – а престојот таму чини само седум фунти за ноќевање. Дури и вон шпицот на сезоната, попознатите туристички дестинации во Европа ги карактеризираат долги редици и високи хотелски цени. Сепак, постојат алтернативи на континентот – привлечни скриени скапоцени камења незагадени од турканици со пристојни цени за престој. Живописното Охридско Езеро спаѓа во таа категорија, како што открива осамената патничка Наташа Витли во фасцинантното информативно видео објавено на ТикТок, „Дејли мејл“.

Охридското Езеро кое се протега на планинската граница на Македонија и Албанија, кога се работи за пејзажот му дише зад врат на езерото Комо и тоа по цена колку за чипс, вели Наташа, која ги прашува своите 69.400 следбеници: „Зошто никој во Европа не зборува за ова најпотценето и најдоспатно место, совршено за викенд бекство за одмор?“

Во видеото таа го опишува Охридското Езеро, тоа место впишано како светско наследство на УНЕСКО, како еден од најособените моменти на нејзиното патување низ Балканот. Место во кое нема турканици и е „толку мирно за шетање“.

Зборувајќи за „MailOnline Travel“, Наташа, позната на Интернет како @travelsbytash, вели:

Очигледно не можете да го победите езерото Комо, со прекрасните живописни градови како Белаџо. Меѓутоа, Охридското Езеро е всушност двојно поголемо од Комо (138 квадратни милји наспроти 56 квадратни милји), што не сум знаела.

 

И би рекла дека водата е уште позачудувачка – кристално чиста“.

Наташа во клипот открива дека за нејзиното патување, три ноќевања престојувала во хотелот „Сансет Лејк“ во Охрид, на североисточниот брег на езерото.

Цената? Само седум фунти за ноќевање.

Споделувајќи ги различните активности во кои туристите можат да учествуваат, таа вели:

Можете да одите на кајак или на веслање со штица, што изгледа толку добро.

 

Најпопуларното нешто за посета е црквата Свети Јован, која се наоѓа веднаш на работ на езерото. Има неверојатен поглед. Толку е живописно.

 

Има и десетици пешачки патеки кои посетителите можат да ги пешачат ако сакаат, плус „прекрасен стар град“ и парк полн со желки (‘толку случајно’)“

Зборувајќи за „MailOnline“, Наташа вели дека нејзиното омилено искуство било патувањето со кајче преку езерото.

Наташа вели дека патувањето било организирано преку хотелот „Сансет лејк“. Таа продолжува:

Патувањето траеше четири часа, со неограничено вино и буквално чинеше само по осум фунти!

 

Водата е прекрасна и отидовме на една затскриена мала плажа. Тоа беше едноставно најдоброто!“

Во нејзиното видео на ТикТок, таа додава:

Вредеше секоја пара. Со него управува сопственикот на хостелот, неверојатен лик кој постојано ни ги дополнуваше чашите.

 

Друга светла точна беше ирски паб со „прилично евтини“ пијалаци и добра храна по навистина прифатливи цени“.

Наташа вели дека задолжителен локален деликатес е „бурекот“ – популарно улично пециво во кое се ужива низ Балканот.

Една од пекарите во Охрид продаваше бурек со уникатни вкусови, вклучувајќи пилешко кари и пица. Толку беа толку вкусни, а чинат само фунта“, вели Наташа.

Таа вели дека нема да брза повторно да дојде на Охридското Езеро, за да може да посети и други места, но нагласува:

Дефинитивно бев во искушение да го продолжам престојот таму, како и повеќето од останатите“.

Видеото на Наташа за Охридското Езеро достигна импресивни 122.800 прегледи, а инспирираше и некои од следбениците веќе да резервираат лет. Еден од нив пишува: „Додадено на листата“. Друг коментира: „Леле, тоа изгледа неверојатно!“

Еден од нив прашува: „Кој период од годината одевте? Изгледа толку убаво и топло“. Одговорот на Наташа е: „Почеток на септември! Беше совршено!“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.