Србите се револтирани откако Црногорците ги нарекоа паштета туристи и оти се ценкаат за секое евро. Тие велат дека да не биле туристите ќе останеле без гости со оглед на скапата понуда на црногорското приморје.

Тоа што сезоната им е една од најлошите, па тие кутрите Срби им се единствената шанса да заработат нешто, не ги спречува да навредуваат. Иако сезоната е на врвот, има малку гости. Во Будва, која е најпосетувана дестинација, пополнета е само една третина од капацитетот во приватното сместување-велат српските туристи.

Србите се посебно лути на цените на лежалките кои во првиот ред достигнуваат и 40 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.