Србинката Александра преку големата фејсбук-група „Грчка инфо“ испрати јавна благодарност до скопјанката која ѝ го спасила животот додека патувала за Грција на одмор со семејството, кога ненадејно ѝ се слошило и се онесвестила покрај патот.
За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше. Ана беше единствената која го запре својот автомобил и дојде да помогне. Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила, пишува Србинката.
Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок момент.
Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот Ана само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар, вели Александра, бидејќи од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да го напише овој поста за јавно да и се заблагодари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.