Во рамките на фејсбук-групата „Летување во Албанија – Албанија.рс“, Владимир објави дека никогаш повеќе не би летувал во Шенѓин, Албанија, а во коментарите, покрај истомислениците, имаше и корисници кои ги споделија своите убави искуства на ова туристичко место.

Главната забелешка на Владимир се гнасните плажи и немањето паркинг.

Моментално сме во градот Шенѓин, искрено сега и никогаш повеќе, во цело место има само две јавни плажи на кои може да се стави своја крпа. Две лежалки и чадор се осум евра или повеќе, плажите се прилично валкани, што секако зависи од луѓето кои ги користат! Rana e Hedhun е поубава плажа, но возењето 20 минути секој ден на оваа жештина, за едвај да се најде паркинг е бесмислено! Можеби ќе посетам некое друго место во Албанија во иднина, откако ќе го избришам овој одмор од сеќавањата, напиша Владимир.

Под неговата објава се најдоа различни коментари.

Каде и да одите и сакате да изнајмите лежалки, ќе платите повеќе отколку во Албанија… Албанија уште се развива туристички. Има многу луѓе и сè треба да се уреди и исчисти…Сум билa во Ксамил и Саранда и јас сум презадоволна, напиша една госпоѓа.

 

Бев таму пред две години, нaсекаде кажував колку е уредна плажата… очигледно ја расипале, напиша еден господин.

 

И јас никогаш повеќе. Бев во Драч и за среќен пат добив скршен прозорец на колата. Кога и да го објавам ова тука, администраторот не ми го одобрува статусот за објава. Топла препорака до сите – не одете на одмор во Албанија, има многу поубави места на други дестинации за истите пари, а сепак не сте на непријателска територија, заклучи тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.