Се уште неизвесно какви плажи ќе има ова лето на брегот на Охридското Езеро. Министерот за транспорт и врски Бочварски најави дека општините може сами да си ги уредуваат капалиштата согласно деталниот урбанистички план.
И додека од општина Охрид најавија дека најверојатно уредени плажи по сите еколошки стандарди според препораките на УНЕСКО ќе има догодина бидејќи Агенцијата за просторно планирање сè уште не го изработи Планот за уредување на брегот соседна Струга ги подготвува капалиштата за летната сезона.
Министерството за транспорт и врски издвоило 30 милиони денари финансиска подршка за општина Охрид за изготвување на урбанистичкиот план за крајбрежјето согласно препораките на Унеско.
Плажите за да можат повторно да се издаваат треба да бидат вметнати во урбанистичкиот план. Инаку проектите за плажите предвидуваат изградба на објекти од природни материјали, 50 проценти од просторот да биде за слободно користење, а 50 отсто за поставување на урбана опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.