Сезоната на годишни одмори и викенд прошетки започна.Најголем дел од нас тоа го прави со автомобил па еве ви водич каде е најевтино да го наполните резерворарот до врв.

До 7 јуни на пумпите во Србија литар евродизел чини 201 динар, а литар евро-премиум бензин 192 динари. Во однос на минатата недела, дизелот ја задржа цената, а бензините поевтинија за два динари.

 

Црна Гора

Бензинот од 95 октани во Црна Гора и чини 1,64 евра, додека цената на еуродизелот- 1,48 евра.

 

Грција

бензинот БМБ 95 во просек чини 1,98 евра, а дизелот 1,71 евро.

Унгарија и Австрија
Бензинот БМБ 95 чини 1,63 евра, а еуродизелот 1,64 евра.

Хрватска, Словенија и Италија

Доколку патувате во Хрватска, Словенија или Италија, се препорачува да наполните еуродизел  во Хрватска (1,45 евра), додека цената на бензинот во Хрватска и Словенија моментално е идентична – 1,56 евра.

Во Словенија има посебни, значително повисоки цени на горивата на пумпите покрај автопатите, па ако наполните гориво, направете го тоа на бензинска пумпа во некој од блиските градови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.