Имаме долго и жешко лето, па годинава без страв може да резервирате летен аранжман и во септември. Постојат многу причини зошто, а сајтот посветен на грчките туристички места „Никана.гр“, споделува само дел од нив.

Она што е најбитно е што цените се вонсезонски, па со помалку пари може да летувате во подобро сместување или, пак, да уплатите повеќе денови. Изборот на сместувачки единици е поголем, па неретко може да пронајдете и доста поволен смештај, а со поглед на море или пак во близина на плажата.

Температурите сè уште се летни, но со малку посвежи утра и ноќи, што за многумина е идеална комбинација. Ова значи дека покрај посетата на плажа, може да имате различни спортски активности или пак да посетите дел од археолошките локалитети или атракции во близина. Температурите на морето, пак, се уште високи, па може да уживате во капењето како во сред сезона.

Гужвите на популарните плажи се непостоечки, па може да ја доживеете нивната убавина во целост. И лежалките се поевтини, а не мора да му ја мислите ни за паркинг.

Затоа што има помалку туристи, и самата услуга во рестораните е подобра. Често угостителите ги спуштаат сезонаските цени, па може да јадете убаво, а поевтино. И продавничињата знаат да ги спуштат цените на сувенирите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.