Авионот на компанијата „Тунис ер“ принудно слетал во Грција бидејќи во него имало пијан патник кој предизвикал нарушување, соопшти полицијата.

Авионот што летал од Истанбул за Тунис морал кратко да слета во Солун.

Грчката полиција соопшти дека маж на возраст од четириесет години е уапсен поради предизвикување неред и загрозување на безбедноста на патниците на комерцијалниот лет.

Уапсениот и претходно ѝ бил познат на грчката полиција за шверц на дрога, а на споменатиот лет патувал со лажни документи.

„ Беше агресивен кон екипажот за време на летот, очигледно бил во пијана состојба“ – изјавил портпаролот на полицијата во Солун во изјава за АФП.

Тој додаде дека поради безбедноста на останатите патници, пилотот принудно слетал во Солун.

Се очекува осомничениот да се појави пред судија во Солун.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.