Дали знаевте дека кога ќе ја купите познатата грчка крофна на плажа, парите можат да одат и за мафијата?

Грчката полиција успеа да ги уапси сите членови на криминалната организација позната како „крофна мафија“, која дејствувала на плажите на Халкидики.

Уапсени се 12 лица на возраст од 17 до 52 години, заедно со водачот на групата.Тие се уапсени за кривични дела злосторничка организација, изнуда, трговија со луѓе, кршење на законите поврзани со спречување и сузбивање на перење пари и кршење на Законот за оружје, пренесува Voria.gr.

Оваа група ги принудувала странците да продаваат крофни во нивно име на 19 плажи на Халкидики.

Со закани по живот, телесни казни, а лани застрелаа еден продавач, успеале да растераат и други продавачи на брза храна по плажите, но уценувале и изнудувале барови на плажа и ресторани за брза храна.

Конкретно, утврдено е дека во најмалку седум случаи членовите на криминалната група употребувале закана по животот и телесниот интегритет, нанесување телесни повреди и употреба на огнено оружје против други продавачи на брза храна, сопственици на крајбрежни продавници и вработени во приватни фирми за обезбедување. .

Забележано е дека во еден од горенаведените случаи, од страна на полициски службеници на Одделот за безбедност Полигирос е уапсен 39-годишен маж за случај на обид за убиство што се случил со помош на негови соучесници, на подрачјето на Халкидики.

Според грчките медиуми, крофните се купуваат од производителот за 50 центи, 50 центи оди кај продавачот, а едно или две евра оди за мафијата. Просечно дневно се продаваат околу 600 крофни, така што дневната заработка на организаторите на продажбата е меѓу 600 и 1.200 евра (во зависност од тоа дали една крофна чини две или три евра).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.