Далматинците речиси сeкојдневно се жалат дека цените на храната и пијалоците   отишле „до небо“, особено кај рестораните. Тие велат дека е невозможно да се  „преживее“ ден во Дубровник со 100 евра дневно.

За килограм цреши треба да платите 10 евра, порција печени лигњи се нуди по цена од 32 до 35 евра, печено јагне од 26 до 35 евра.

Мешана пица чини меѓу 13 и 14 евра. Половина литар пиво се продава од седум до осум евра, (не)газираните сокови од четири до пет евра, а два децилитри вино од седум до 10, па и 14 евра, во зависност од видот и квалитетот на виното.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.