Авантуристичкиот клуб Mountain Madness, поддржан од Општина Охрид по трет пат организира планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Авантурата започнува во сабота на 18 јуни(сабота) со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци. После завршувањето ке се организира забава на една од охридските плажи.
Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.
За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Испочитувани се сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност.
За подетални информации може да не контактирате на 070771193 Танески Мишко и 075607608 Голабоски Жанко, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.