Туристички Охрид е преполн со гости. Посетители од Србија, Хрватска, Албанија, Грција, но и повеќе земји од целиот свет, уживаа денеска во неговите убавини.
Исполнети се сместувачките капацитети, како и кафе баровите и рестораните во центарот на градот.
Гостите не ги поколеба ниту временската прогноза која предвидува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Денеска и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, информираат од УХМР.
извор: Охридпрес.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.