Градот Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели, во обид да се справи со прекумерниот туризам.

Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи – нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти.

Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само ако претходно се затвори еден, ако не се зголеми бројот на легла и ако понуди подобри услови во однос на одржливоста.

Таа одлука не се однесува на хотелите кои се веќе во изградба или добиле одобрение за градба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.