Во групата Live from Greece, во која туристи од цел Балкан ги споделуваат своите искуства со летувањето во Грција, Србинка објави дека во вторникот им бил украден автомобилот во Солун.

Сакам да ги предупредам луѓето да не оставаат автомобили во Солун во продавницата Џамбо во близина на автопатот и Лидл без надзор. Ни го украдоа автомобилот со сите работи во вторникот на паркингот во продавницата Џамбо. Се јавивме во полиција и пријавивме, дојдоа но се уште нема информации, се јавивме и во амбасада и конзулат, пријавивме но не можеа да помогнат. Среќа што ги имавме нашите пасоши со нас. Во Србија дојдовме со комби превоз живи и здрави, што го најдовме на Интернет. Со нас имаше и деца, вели членката на групата.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.