Полициски службеници на граничниот премин „Богородица“ денеска делеа информативни летоци со важни информации, што можат да им помогнат на патниците да се подготват предвреме и да ги избегнат долгите чекања на граничните премини.  Во летоците се наведени сите потребни документи што патниците треба да ги имаат со себе, како и совети за тоа како да се организираат за побрзо и поефикасно преминување на границата, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, особено се нагласува дека од посебна важност е патниците да ги следат инструкциите и препораките на полициските службеници и на тој начин и тие со своето поведение, да придонесат за намалување на времето на чекање и за побрз проток на сообраќајот, нагласуваат од МВР.

Граничната полицијата ги советува патниците да ги проверат нивните документи пред да тргнат на патување и да се осигураат дека ги исполнуваат потребните услови за преминување на границата.

 

Со овие превентивни и едукативни мерки, РЦ за ГР ЈУГ се стреми да обезбеди пријатно и безбедно преминување на патниците за време на патувањата во текот на летната туристичкa сезона, истакнуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.