Неколку туристи се шокираа откако забележаа, како што им изгледаше, мртво тело исфрлено на брегот. Фотографиите прикажуваат нешто што навистина личи на гол женски леш на плажа, па не е изненадување што тие го претпоставиле најлошото.
„Телото“ беше пронајденот на плажата Банг Саен во тајландската провинција Чон Бури минатата недела, на 18 август.
Туристите во паника веднаш повикале полиција, не сакајќи да се приближат премногу до она што го претпоставувале дека е труп, а можеби дури и жртва на убиство.
Болничарите и полицајците веднаш пристигнале на местото на „злосторо“, но по првиот увид сфатиле дека нема кривично дело што треба да се расчисти. Отткрија дека „телото“ е всушност хиперреалистична силиконска секс-кукла.
Станува збор за јапонски модел означен како „AV Idol“, кој се проценува дека чини околу 20.000 THB (oколу 35 илјади денари).
Полицијата верува дека секс-куклата била фрлено во канал или река пред да се упати кон морето, за потоа да се појави на плажата и да гипреплаши минувачите
Куклата моментално се чува во локалната полициска станица во случај некој да си го побара својот пластичен партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.