Почнувајќи од 1 август 2024 година, македонските државјани кои планираат патување во Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација (Electronic Authorization System – ETA). Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1 јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1 август, без претходно одобрение од ЕТА.

На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел. Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (околу 6.25 ЕУР) а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и 2 години. Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.

Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: [email protected]

На овој линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.