Авион кој летал од Аликанте, Шпанија кон островот Мајорка влетал во силна бура, која предизвикала непријатни турбуленции. Некој ја снимал ситуацијата во авионот додека се пробивал низ невремето. Како што може да се слушне на видеото, луѓето врескаат додека силниот ветер го ниша авионот лево-десно.

Според пилотот, авионот бил погоден од ветрови со брзина од околу 100 километри на час. Тие не можеле да слетаат на шпанскиот остров и биле принудени да се вратат во Аликанте.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.