Патниците од Србија кои планираат одмор со автобус повеќе нема да можат да носат неколку куфери и торби. Според новите правила, тие се ограничени на еден куфер до 23 килограми и еден рачен багаж. Многу Срби се навикнати да носат храна во еден куфер, гардероба во друг и дополнителен замрзнувач, столчиња за плажа, чадори…
Доколку превозникот може да смести дополнителен багаж, патникот ќе треба да плати 30 евра по куфер.
Туристичките агенции велат дека ова се прави поради безбедноста на туристите и прекумерната тежина во автобусите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.