Охрид со нова авантуристичка понуда. Во НП Галичица љубителите на планина ќе може да уживаат во отворената Виа ферата односно безбедна патека за алпинистичко искачување на карпа која претставува нова содржина во туризмот која е многу атрактивна во светот и Европа.
Покрај можноста да се видат природните убавини, вредностите биолошки и да се рекреираат посетителите, целта е и да се обезбедат услови за подигнување на јавната свест.
Името на првата Виа Ферата во Националниот парк „Галичица“ е „Доброја“, локален назив за растението Питома Фоја, која е особено карактеристична за повисоките делови од Националниот Парк. Од алпинистичкиот клуб Патагонија најавија развивање на оваа зона со проширување на содржините, и ставање во функција на прв планинарски дом во паркот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.