На крајот на оваа туристичка сезона се остварени околу 100 илјади ноќевања, но точниот број не може да се утрврди бидејќи наплатата на туристичката такса не е целосно реализирана зашто таа е показател за точниот број на туристите, смета градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Општината е задоволна од посетеноста на Дојран, но како општина се стремат за развој на туризмот преку целата година.
-За таа цел презедовме низа мерки како што се санација на стари објекти со кои се збогатува туристичката понуда и привлекување на туристи надвор од летната сезона. Овие денови заедно со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион реализиравме проект за набавка на 20 електрични велосипеди, смарт табли и други активности кои ќе значат промоција и посета на Фронтовската линија од Првата светска војна за да станеме поатрактивни. Формиравме и ново претпријатие кое ќе организира тури до Фронтовската линија и првпат ќе се посетуваат Турската бања и Саат-кулата кои се историски споменции и се обновени по 115 години од нивното разурнување, вели Ангов.
За зголемувањето на наплатата на туристичката такса, Општината организирала повеќе настани на кои на туристичките работници и издавачите на соби им било укажано дека со собирањето на овие средства се збогатува туристичката понуда и тие средства повторно се враќаат.
Ангов смета дека и покрај тоа не е подигната свеста за плаќање на туристичката такса. Најавува дека во наредниот период ќе се засилат контролите за да може да се собира туристичката такса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.