Администраторите на популарната групација „Никана.гр“, сумирајќи ги нивните и искуствата на патниците кои летуваат преку нив, ги споделија периодите кога македонските граници може да се поминат најбрзо и кога има најмалку гужва.
Кога станува збор за влезот во Грција преку граничните премини „Богородица“ и грчки „Евзони“, најголемата гужва е од 6 до 12 часот, додека по 20 часот е многу порастеретено. Најдобро време за влегување во Македонија од Грција, пак, кога станува збор за Евзони, е после 20 часот.
Доколку, пак, сакате да патувате за Србија на омилениот еднодневен шопинг во Врање, најдобро време за влез во Србија од Македонија е меѓу 23 и 5 часот наутро. Додека од Србија кон Македонија преку „Табановце“ најбрзо се поминува после 21 часот. Гужвите на тој граничен премин почнуваат веќе во 3 часот по полноќ.
Секако повеќе гужви има за викендите, но не само во петок и сабота, туку и во недела и понеделник, предупредуваат тие.
Но, овие сатници не се правило, затоа што брзо и лесно се создаваат гужви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.