Истражувањата покажаа дека 62% од капачите уринираат во море. Но, многу експерти потенцираат дека не е толку страшно да се моча во море, бидејќи урината не штети на морската средина. Човечката урина е 95% вода, а присутниот натриум хлорид веќе постои во морската вода.

Дури и сите луѓе во светот да уринираат во морето во исто време, според експертите – нема да има еколошки штети. Биохемичарот Стјуарт Џонс објаснува дека урината е безопасна и кога ќе се разреди со морска вода, за многу кратко време станува безначајна.

Што се однесува до базенот, ситуацијата е поинаква. Иако мочањето во базен може да изгледа безопасно, мешањето на урината со хлор може да создаде штетни хемикалии, како што е хлор цијанид, што може да го оштети срцето и белите дробови.

И покрај тоа, научниците препорачуваат избегнување на мокрење во помали заливи, каде што водата циркулира помалку.

Затоа, шпанскиот град Марбеља сега воведе казни од 750 евра за оние кои вршат нужда во морето на една од неговите 25 плажи.

Исто така, во Сан Педро дел Пинатар во Мурсија, мокрењето во морето е забрането од 2017 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.