На сè повеќе хрватски плажи годинава редарите ги засилија контролите во борбата против „резервациите“ на плажа со оставање на крпа, чадор, столици…
Во Башка, на островот Крк, на пример, доколку ги оставите своите работи на плажа за да си чувате место и не се вратите со часови, општинското обезбедување ќе ви подигне сè. Доколку потоа не ја платите казната, останувате без вашите работи.
Инаку, главната плажа во Башка, која што се наоѓа во залив, изгледа неверојатно убаво така што не е чудно што луѓето се во искушение да остават некои од своите работи и на тој начин да „резервираат место“.
Според градоначалникот на општината, нивните општински редари имаат полни раце работа и наутро и навечер.
Досега на туристите не им ја наплаќавме пропишаната казна во висина од 150 евра, само за да не влегуваме во конфликт и да не предизвикуваме негативен публицитет, а со тоа негативно да влијаеме на туристичката сезона, објаснува градоначалникот Тони Јураниќ.
Но, додава тој, сликата за нашето место подеднакво се валка ако пристигнете на плажа полна со крпи уште во 6 часот наутро.
Освен во Башка, редарите се строги и во Трибуњ кај Шибеник, а во општина Градац, пак во Далмација, сите запленети крпи, чадори, торби и слично, се донираат во прифатилиштето за запуштени животни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.