Сопствениците на „бич баровите“ на островот Миконос плаќаат огромни суми пари за изнајмување на плажите кои ги враќаат за само еден добро посетен ден.
Тие инвестираат илјадници евра во висококвалитетни лежалки и чадори за да им овозможат на посетителите висококвалитетна услуга.
При последното реновирање, компанијата „Наммос“ со истоимениот елитниот ресторан и бар кој за лежалки во прв ред наплаќа од 300 до 500 евра, инвестираше неверојатни 1,5 милиони евра во лежалки и чадори за сонце од врвен махагони и челик. .
Колку плаќаат сопствениците на ресторани и барови за изнајмување плажи на Миконос?
Плажата Псару е една од најпопуларните и најпознатите плажи на островот каде што се наоѓа светски познатата плажа Намос, која сè уште ја носи титулата најскапа плажа на Миконос.
Според официјалните податоци, секој квадратен метар песок за користење на плажата Псару чини 80 евра за сезона и дополнителни 6.000 евра за поставување лежалки, минус 20% попуст од вкупната цена. Тоа значи дека фирмата „Наммос“ секоја сезона и плаќа на општината по 86.000 евра за околу 1.000 м2 површина на плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.