Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз.
Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше за најдобра година за туризмот, минатогодишните се речиси двојно повисоки.
Во текот на минатата година Албанија пречека над 10 милиони странски туристи, додека годинава очекувањата се за 13 милиони. Ова се очекува да донесе уште поголем приход за албанската економија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.