Скијатос е сè попопуларен остров и за странските туристи и за македонските и се рангира како еден од најубавите острови во Грција поради боровите шуми и неверојатните плажи. Една од најубавите плажи секако е Лаларија, која е на секоја разгледница од убавиот остров.
На туристите не им пречи тешкиот пристап до плажата и потенцијалните гужви, бидејќи знаат дека тоа што ќе ги чека овде вреди.
Главната карактеристика на самата плажа е тоа што пејзажот не наликува на остатокот од Скијатос, па затоа често се нарекува „надреална“ без претерување. Лаларија е дива и релативно „гола“ плажа, со импозантна карпа која се издигнува и создава залив со мирни, сини и чисти води.
View this post on Instagram
Лаларија е позната по портата „Трипија Петра“, карпа во форма на лак. Легендата вели дека оваа порта е волшебна и дека секој што ќе преплива низ портата го добива дарот на вечната младост.
Самото име Лаларија доаѓа од дијалектот на Скијатос и ги опишува белите, совршено тркалезни камења на кои можете да фотографирате или да им се восхитувате, но не смеете да ги носите дома како сувенир, бидејќи тоа е строго забрането и може да бидете казнети.
View this post on Instagram
До оваа плажа се стигнува само по морски пат, односно со бродче.
Сепак, пред да ја посетите, проверете ги временските услови, бидејќи поради ветровите и големите бранови понекогаш чамците воопшто не одат на оваа плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.