Ако одите на одмор на море со вашите деца, треба да бидете внимателни при влегување во водата.
Иако на рв поглед тоа не може да се забележи, морето крие многу морски струи, кои може да бидат смртоносни, доколку не изреагирате на вистински начин доколку бидете зафатени од некоја таква струја.
Една од најголемите опасности претставува таканаречената РИП струја, за која е карактеристично дека е толку поопасна колку што се обидувате да и се спротивставите и да „ја победите“.
РИП СТРУЈА (Rip currents):
Ако видите празен и тивок простор помеѓу брановите (како на сликите), не дозволувајте да влезете вие или особено вашите деца во водата.
Просторот помеѓу двете стрелки е всушност повратна сила на струење на водата. Ова е многу силна струја која нема да ви дозволи да се вратите на брегот, туку ќе ве одвлече далеку во морето.
За да излезете од неа, не треба да се спротивставувате, туку следете едноставно правило кое може да ви помогне да излезете од прегратките на водата и повторно да стапнете на суво.
Идејата е дека не мора да паничите и да се борите со струјата. Таа „работи“ на околу 100 метри од брегот – тоа е растојанието на коешто обично може да ве однесе.
Откако ќе почувствувате дека силата на струјата се намалува, почнете да пливате паралелно со брегот. Во моментот кога ќе можете да го правите тоа, а водата не ве турка назад, тргнете директно кон плажата користејќи ги брановите за помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.