Бар на плажа во Водице, Хрватска шокираше со објавата дека дури и наплаќа места за поставување крпи на плажа.
Оваа информација се појави во Фејсбук групата „Apartmani VODICE-TRIBUNJ-SRIMA“ каде револтирани граѓани реагирале на необичниот ценовник, на кој, меѓу другото, е наведено и „место за крпа“ по цена од 4 евра.
Ако луѓето сакаат нешто поудобно, како што се лежалки или балдахин, тогаш цената е 10 односно дури 43 евра.
Порталот „Morski.hr“ ја контактирал оваа плажа, а одговорот што го добиле бил дека не станува збор за плажа туку за приватен имот на 10 метри над самата плажа и дека сопственикот и концесионерот таму можат да „го наплаќаат и воздухот ако сакаат“.
Додаваат и дека не им требаат дозволи бидејќи работат на приватен имот, па кој сака да си стави пешкир на нивниот имот ќе треба да плати 4 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.