Иако Грците ретко отвораат куфери и ги изнесуваат работите на граничните премини, треба да ги знаете законските ограничувања за граѓаните од земјите кои не се членки на ЕУ кои влегуваат во Грција по копнен или воздушен пат.

Колку цигари може да пренесете преку грчката граница?

Доколку се патува по копно, во оваа земја може да се донесат 40 цигари (2 кутии) или 20 цигарилоси или 50 грама тутун. Казната за непочитување на ова правило е 500 евра.

Ако одите на одмор во Грција со авион, дозволено е да носите 200 цигари, 100 цигарилоси, 50 пури и 250 грама тутун.

Лица помлади од 18 години не смеат да превезуваат тутун.

Во Грција се дозволени 2 кутии пури.

Најевтината кутија цигари во Грција е 5 евра, а поквалитетните марки се од 6 евра па нагоре.

Колку алкохол може да внесете преку грчката граница?

Што се однесува до алкохолните пијалоци, преку грчката граница може да се превезат еден литар жесток пијалок над 22 отсто алкохол или два литри жестоки пијалоци од 22 отсто или помалку и два литра вино и два литра трпезно вино.

Лица помлади од 18 години не смеат да превезуваат алкохолни пијалоци.

Може да се транспортираат 50 грама парфем и 250 милилитри колонска вода.

Колку пари може да префрлите преку грчката граница?

Дозволено е внесување до 10.000 евра во готовина (или еквивалентна сума на пари во друга валута). Мора да се пријават суми над 10.000 евра во кеш. Доколку не пријавите дека имате поголема сума од дозволената, во тој момент ќе ви бидат одземени парите и ќе ви биде поднесена прекршочна пријава.

Количината на пари што ја имате на платежните картички не е ограничена.

Патниците кои избрале авионски превоз можат да донесат подароци во вредност од 175 евра по лице и 90 евра доколку лицето е под 15 години.

Каква храна може да носите преку грчката граница?

Според законите на Европската унија, млекото, месото и производите направени од нив не смеат да се пренесуваат преку границата на земјите кои не се членки.

Според Царинската управа, дозволен е превоз до пет килограми свежо овошје и зеленчук, освен компир. Потоа, два килограми бебешко млеко во прав или детска храна или храна за посебни потреби.

Дозволена е храна за домашни миленици во количина од 2 килограми.

Се толерира доколку во багажот се најдат леб, колачи, бисквити, чоколадо, мајонез, кечап, макарони, ориз и слично, доколку нивната вкупна вредност не надминува 300 евра по патник. За деца под 15 години, ограничувачкиот износ е 150 евра.

Колку лекови може да пренесете преку грчката граница?

Дозволено е префрлање во толкава количина што е потребна за ваша лична употреба. За тоа потребно е да имате лекарско уверение или негова копија или некоја друга официјална потврда дека лековите се наменети за вас. Доколку царинскиот службеник го побара тоа, потребно е да се приложат такви документи за проверка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.