Будва, Котор, Тиват, Сутоморе, Херцег Нови – само дел од туристичките дестинации кои Македонците секоја година ги одбираат ако летуваат во Црна Гора. Јадранското крајбрежје на земјата во која патуваме само со лична карта нуди многу скриени рајски плажи за оние кои за момент сакаат да се тргнат од веќе проверените дестинации.
Едно од тие места е и ‘Ртот Весло.
Идеална е за сите оние кои ги сакаат дивите плажи. Патот до плажата не е најпристапен, но вреди секој труд, бидејќи кампот и плажата навистина ќе ве маѓепсаат.
View this post on Instagram
Каскадни карпи, без песочна плажа и тиркизно сина вода се она по што е познато ова сокриено место.
View this post on Instagram
Покрај тоа што нуди спектакуларен поглед на Тиват и Котор, ова село ја крие црквата Света Марија стара 600 години, прекрасни градини полни со медитеранска вегетација и лековити билки, камени патеки и стари куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.