Црногорските капалишта ќе бидат подготвени за новата туристичката сезона на 1 мај, соопштуваат оттаму.

Планираниот тендер за давање на плажите под закуп ќе се одложи за третиот квартал, најавија претставници на ресорните министерства на седницата на Управниот одбор на Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Црна Гора.

Тиа значи дека досегашните концесионери веќе работат под полна пареа за да ги подготват плажите по највисоки стандарди.

Првомајските празници ни се многу важни оваа сезона, бидејќи се совпаѓаат со Велигден. Ние, закупците, кои сме околу 600,700, сме спремни да вложиме огромна сума на пари само за капалиштата да бидат готови до 1 мај, вели угостителот Никола Перишиќ.

Хотелите и рестораните веќе ги обучуваат новите сезонски работници.

Црна Гора годинава очекува повеќе туристи од обично од Македонија, каде граѓаните може да патуваат со лична карта, особено доколку не успеале да добијат пасош со придавка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.