„Ајмо, уживанција“, „Најубаво“, „Е така се летува“, се само дел од илјадниците коментари под видеото на Ибро, кој ја покажа својата гозба на плажа во Хрватска.

@h.ibro28 #Argeta ♬ original sound – Croatia

Паштета, мајонез, салама, домати, два намази, млад кромид, кифлички, сол и сок беа дел од гозбата на еден млад човек на Јадранот кој сето тоа го стави пред себе на пешкирот, поради што ја доби титулата на „елитен патлиџан турист“ .

Бидејќи на многумина им било чудно што ја има целата плажа за себе, се прашувале во кое време е направена снимката, како и на која плажа е снимена.

Плажа Никола. Ова беше вечера за мене, снимав околу 18 часот попладне, напиша тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.