Хуманитарната организација „Свети Спас“ изминатите денови собираа донации во храна, лекови, хигиенски средства, облека и кебиња за настраданите во минатонеделниот земјотрес во Турција и Сирија.

Вчера и предводникот на оваа организацијата, отец Оливер Петровски замина во Ипсала,Турција.

На овие наши браќа и сестри сега сме им најпотребни и сега е моментот кога треба и мора да го покажеме нашето човекољубие. Нашата хуманитарна организација сочувствувајќи со нашите браќа и сестри, донесе решение да се активира со собирање и достава на вода, ќебиња, свеќи, памперс, влажни марамици, облека, обувки… на настраданите и спасувачите. И токму затоа Ви се обраќаме со надеж дека нашата молба ќе допре до секој од вас, но и до секоја фирма и секој бизнис во Македонија, и ќе помогнете со донирање дел од потребните производи, во рамките на Вашите можности, порача на почетокот на акцијата хуманиот и неуморен отец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.