Секој може да каже што жената сака да го слушне, но само некој што го мисли тоа што го кажува ќе ги поткрепи своите зборови со дела.
Занимливото кај љубовта е тоа што сите ние комуницираме и ја примаме на свој единствен начин. Но, според терапевтот за личен развој, Џејмс Мајкл Сама од САД, постојат шест знаци дека мажот е вљубен во жена од самиот почеток на врската.
Ја вклучува во секој дел од неговиот живот
Кога маж сака една жена, тој сака да таа да дел од неговиот живот и да ја внесе во кругот на своето семејство и пријатели. Запознавањето со родителите е голем чекор во врската, а добриот однос со нив може да доведе до посреќна врска. Тој сака тие да ја сакаат неговата избраничка и таа да ги сака нив. Тој, уште повеќе, сака таа да биде негова поддршка и да ја вклучи во важни настани и пресвртници во животот, објави порталот „Кликс“.
Се обидува „да даде“ повеќе отколку што „зема“
Вистинската љубов е давање и придонес во животот на партнерот. Човекот кој Ве сака, ќе Ви го покаже тоа на најдобар начин. Тој ќе се грижи за жената, ќе ја почитува, ќе ја сослуша и ќе ја сака. Паровите кои меѓусебно се почитуваат, забележуваат поголемо задоволство во врската, според истражување на Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија.
Тој нема да Ви ја троши енергијата или да Ве натера да се чувствувате дека давањето е само еднострано. Кај одличните односи не се работи за давање и земање, туку за – давање!, нагласи Сама.
Нема „јас“ – само „ние“
Бевте двајца луѓе, но сега сте тим. Кога мажот е заљубен, ќе ја гледа жената како дел од себе. Ова вклучува заедничко одење на некој настан, разговор за одмор или заедничко планирање за иднината. Каде што оди, тој сака да оди и таа – и обратно. Тоа веќе не е само твој живот, тоа е заеднички живот.
Тој навистина слуша
Мажот кој сака една жена, сака ѝ посвети внимание. Тој ќе забележи и ситници што никој друг не ги гледа. Ќе научи што ја прави среќна, тажна или лута. Овие сознанија ќе му помогне да ја сака повеќе, и ги покажува сите мали детаљи што му се допаѓаат кај неа.
Нејзината среќа е негова среќа
Кога мажот навистина Ве сака, тој ја споделува Вашата среќа и Ви ја дава својата сила за да Ви ја олесни болката. Да се биде вљубен значи да се биде соиграч кој секогаш го поддржува другиот. Така, еден од големите знаци на вистинска љубов е она кога мажот сака да Ве види среќна и ќе се потруди да го оствари тоа. Љубовта значи да се стави среќата на таа личност на прво место, нагласува терапевтот.
Тој е тука за Вас, дури и кога се чувствувате лошо
Животот не е секогаш „розов“ и убав. Секој може да остане покрај жената во добри денови, но вистинскиот тест на неговата љубов ќе биде во лошите денови. Ќе има предизвици, загуби и неуспеси, но вистинскиот маж ќе биде до неа кога ѝ треба заштита, зад неа кога ѝ треба поддршка и покрај неа кога ѝ треба партнер. Поддршката е една од клучните работи во која било врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.