Има многу обичаи и правила oколу свадбите, но едно е можеби универзално и најважно: ако сте гостинка на свадба, никогаш не смеете да носите бел фустан или било каква бела облека.

Организаторите на венчавки напоменуваат дека гостите треба да ги почитуваат желбите на невестата и младоженецот, за нивниот најсвечен ден да помине во најдобар ред.

Иако многу традиции поврзани со свадбите полека исчезнуваат, гостинот да не носи бела боја секогаш ќе остане. За време на овој свечен ден навистина е најбитно невестата да се чувствува посебно. Непримерно и грдо е да се појавиш во иста боја како невестата и на тој начин да ѝ го „украдиш“ вниманието, смета Кејти, организаторка на настани.

Белата боја ѝ овозможува на невестата да се истакне меѓу гостите. Дозволено е да се облечета во оваа боја, само доколку идната брачна двојка тоа ви го посочи во поканата, во спротивно ќе бидете апсолутно безобразни.

Нема исклучоци, дури ни кога станува збор за мајката или сестрата на невастата, ниту пак за свекрвата, велат експертите. Некои невести избираат бели фустани за деверушите и тоа е единствениот момент кога е сосема прифатливо да се види некој друг во бела облека на свадбата. Значи, единствениот момент кога е прифатливо да се носи бело на туѓа свадба е само кога невестата конкретно го побарала тоа, сметаат експертите.

Нивен совет е дека треба да избегнувате и секаква посветла боја слична на белата, како што е беж, „валкана“ бела или нијанси на шампањ. Доколку сакате комбинација во посветла боја, одлучете се за пастелни нијанси на розова, сина или жолта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.