Голем интерес помеѓу посетителите, широки насмевки и љубопитни очи уште на првиот ден од отворањето на петдневниот маркет во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 март, кој го организира Скопје Сити мол.

На базарот „За сите посебни дами во вашиот живот“ кој ќе биде отворен до 8 март, 20тина индивидуалци, успеаја да го свртат вниманието на посетителите со рачно изработените современи креации.

Веќе препознатливите артизани: Билјана Тодороска – BRILLOЈulie DecoupageEsoaperyЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joyFiligree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral JewelryMorpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUETБлумен и Арт 2005 и Equilibrium fine arts… нудат деликатен избор на уникатни производи, во кои се втиснати нивната вештина и мајсторство на изработка.

Креативци, со еклектичен накит, уметници, кои не се плашат да експериментираат, храбро концепираат, конструираат и компонираат иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ, модерен и елегантен. Преку филигранската техника, авторките ги раскажуваат своите приказни, на еден модерен и концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, некои од уметниците се претставуваат и со чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила и со еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба, како и природни и вегански козметички производи за нега и убавина на целото тело. Во рамки на базар сo најнови производи за здрава и сјајна коса и нега на телото присутни се и светски познатите брендовиPhilips personal care&Нептун, Хај Стор со брендот DysonSolisSilverKeyra Cosmetics – Шпанија и Natura Therapy.

Петдневниот базар се случува на приземјето од Скопје Сити Мол.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.