Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс (42) повторно ќе испише историја, овојпат не спортската. Според Советот на модни дизајнери на Америка, поранешната тенисерка е избрана за наградата „Модна икона“ на овогодинешните „CFDA Fashion Awards“ што ги доделува Amazon Fashion.

The Met Gala - Karl Lagerfeld A Line of Beauty

Со тоа таа стана првата спортистка која го доби ова престижно признание, а претходните години наградата ја добиваа Бијонсе, Наоми Кембел, Лени Кравиц, Зендаја, Џенифер Лопез, Франка Созани, Фарел Вилијамс и Ријана.

Уште како мало девојче ја користев модата како начин да се изразам. Модата ми даде самодоверба да стапнам на теренот и да бидам тоа што сум и да знам каде сакам да одам. Неверојатна ми е честа да добијам престижна награда од организација на чија работа се восхитувам долго време и да застанам меѓу стилските икони на кои отсекогаш сум гледал – изјави Вилијамс, пренесува tennis.com.

Серена мина дури 319 недели на чело на ВТА ранг-листата, освои 23 грен слем титули, а знаеше да изненади со интересни комбинации. Секако, колку што би ѝ дозволувале правилата. Интересно е и тоа што студирала моден дизајн на Уметничкиот институт во Форт Лодердејл, а во 2018 година лансирала сопствена линија облека „S by Serena“. Една година подоцна, таа ја прошири линијата на накит.

Мојот сон да поседувам сопствен бренд стана реалност и во текот на мојата кариера имав благослов да работам со најценетите дизајнери и највозбудливите креативци кои доаѓаат. Толку се забавував создавајќи го мојот стил и менувајќи го во текот на животот, но секогаш се водев од една вистина – модата е за секого, без разлика на големината, расата или приходите – изјави тенисерката.

Вилијамс минатата година се прости од тенисот и се посвети на семејниот живот. Таа неодамна објави слатки фотографии од теретана, каде се вели дека решила да се врати на фитнесот, шест недели по раѓањето на нејзината втора ќерка Адира Ривер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.