Мис Венецуела, Вилевис Брито (24), почина откако беше подложена на естетска корекција на лицето во болница во Каракас.
Како што пренесуваат странските медиуми, младата девојка починала откако и биле направени естетски корекции на усните и вилицата. Таа се чувствувала добро по операцијата, но за жал, нејзината здравствена состојба се влошила.
View this post on Instagram
Мојата сестра не направи микрофацијална операција поради убавина, туку поради нејзиното здравје, рекол нејзиниот брат.
Поради последици од анестезијата, убавицата доживеала срцев удар.
Во 2021 година, Брито се натпреваруваше за Мис Венецуела, а изборот за убавина се одржа во Буенос Аирес.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.