Американскиот моден магазин „ЕЛ“ (Elle) објави дека ги прекинува сите врски со своето руско издание, откако приврзаниците на Украина ја обвинија руската филијала на оваа компанија дека тајно ја поддржува воената акција на Москва. Вниманието на проукраинските твитерџии го привлече насловната страница на која го има натписот „Gen Z“ (Ген З – генерација Зет), кој тие го поврза со буквите „Z“ што често се напишани на руски оклопни возила.
Американското списание го „раскина своето издавачко партнерство во Русија“ и ги повика читателите „да научат како да го поддржат народот на Украина во моментов“, се вели во соопштението објавено на Инстаграм. Како официјална причина тие ги наведуваат „неодамнешните активности на социјалните мрежи“.
Овие активности се, според сета веројатност, негативните реакции за насловната страница на мартовскиот број на „Ел Русија“ (Elle Russia). На него има неколку наслови, а контроверзен е оној кој гласи: „Животот владее за „Ген З: совест, заштита на животната средина, чесност, пост-иронија“. Друг на дното вели: „Генерација Зет, направи го светот повторно голем“. Последново потсетува на предизборниот слоган на поранешниот американски претседател Доналд Трамп „Направи ја Америка повторно голема“.
Критичарите, предводени од украинската модна дизајнерка Мери Фуртас, побараа од компанијата „Херст“, која е сопственик на брендот „Ел“, да коментира за буквата „Z“ и „фашистичката насловна“. Инаку, американскиот холдинг имаше удел во рускиот издавач „Elle, Hearst Shkulev Group“, но се повлече од рускиот пазар поради конфликтот во Украина.
Руското издание на „Eл“ првпат имаше објава за конфликтот во Украина на 27 февруари со пишување на зборот „мир“ на 25 јазици на социјалните мрежи. Во продолжение тие објаснија дека на тој начин сакаат да го доближат нивниот став до речиси секој човек на планетата, како и дека зборот е ист на руски и на украински.
Оваа објава првично беше добро прифатена од западните ограноци на брендот „Ел“, но сега ситуацијата брзо се промени.
Во едно неодамнешно интервју, главната уредничка на „Ел Украина“, Соња Забуга, изјави дека деновиве ги пишувала своите објави на Инстаграм на англиски „за странците да можат да разберат што се случува“. По тој повод таа ги повика и западните модни куќи да го бојкотираат рускиот пазар.
** Генерација Зет – Ген З ги означува луѓето кои ги наследија миленијалците, односно се родени родени во периодот од доцните 1990-ти до 2010-ти. Како прва генерација која израна со пристап до интернет, дигиталната технологија и социјалните медиуми, припадниците на Генерацијата Зет ги нарекуваат „Домородци на технологијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.