Американската актерка Гвинет Палтроу позираше гола по повод својот јубилеен 50-ти роденден.

Сакав да бидам гола и покриена со златна боја. Се чувствувам толку добро откако наполнив 50 години. Со овие фотографии сакам да ја покажам својата енергија и оптимизам, порача таа.

„Моето тело е ‘доказ’ за сето она низ кое поминав досега. Косата ми е сива. Сонцето остави ‘отпечатоци’ секаде на мене. Ги прифатив моите брчки. Повеќе не чувствувам потреба да бидам совршена“, додаде.

На својот блог напиша дека сега започнува нова фаза од нејзиниот живот и дека ги признала сите свои грешки и научила многу од тоа искуство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.