За овој еликсир на младоста потребни ви се мед, лимон и маслиново масло. За него пишувале многу тибетски исцелители и специјалисти во источната медицина.

Овој еликсир на младоста е во топ 10 најдобри за чување на здравјето и младоста, а рецептот е неизбежен дел од секоја колекција на ориентални рецепти за подобрување на здравствената состојба.

За подготовките за тибетскиот еликсир на младоста се потребни:
– 100 мл свеж сок од лимон
– 200 грама мед
– 50 мл маслиново масло.

Прво добро промешајте ја оваа смеса и ставете ја во стаклена тегла. Чувајте ја на ладно и суво место.

Овој еликсир се консумира секое утро на празен стомак. Но не претерувајте. За подобрување на здравјето и подобрување на енергијата е доволна само една лажица дневно. Еликсирот се консумира два пати годишно по еден месец, а идеално време е во есен и пролет.
Ако се држите до правилно консумирање на овој еликсир секој ден, во текот на еден месец, ќе почувствувате неверојатна енергија и сила. Покрај тоа, оваа мешавина е одлична за имунитетот, црниот дроб, го подобрува тенот и ги пегла брчките. Ако редовно го консумирате овој еликсир од мед, лимон и маслиново масло ќе изгледате свежи и млади, но и засекогаш ќе се ослободите од склероза, воспаление и инфекција на бубрезите.

Извор: Убавина и здравје


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.