Иако со улогата на Бриџит Џонс ги стекна симпатиите на публиката, Рене Зелвегер денес изгледа сосема поинаку.
Познатата актерка со години ја следи Зонската диета на Др. Бери Сирс, а колку е успешна, најдобро покажува нејзината витка фигура.
Диетата е позната повеќе од една деценија, а всушност се смета за начин на живот. Секој што ја практикува, јаде пет оброци дневно со 40 проценти јаглехидрати, 30 проценти масти и 30 проценти протеини. Поентата е да се внесуваат малку калории, од 800 до 1200, а има и намирници кои се забранети. Според др. Sears, тоа се банани, грозје, сушено овошје, манго, грашок, пченка и компири, како и леб и тестенини.
Она што славната актерка никогаш не го криела е дека за успех е неопходна и физичка активност.
Зелвегер се пофали со неверојатна трансформација уште во 2002 година кога мораше да ослабе за улогата во филмот Чикаго. Од друга страна, за да се здебели и што поверодостојно да го отелотвори ликот на Бриџит Џонс, внесувала 4.000 калории дневно, што е двојно повеќе од препорачаниот внес за жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.