Здравата исхрана е повеќе од важна за семејството Ѓоковиќ и е основа на се. Јелена е деклариран веган и со години следи строга диета без месо, млеко и шеќер.Таа го одредува дневното мени во домот.

Сепак, многумина не знаат дека таа се префрлила на овој тип на диета затоа што морала, а не толку затоа што сакала. Таа со години ги развивала своите вештини во друг правец на кујната.

Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна и 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз.Тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите диети се само малку поинакви – изјави Јелена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.