На Велигден православните верници се поздравуваат со: Христос воскресе! Навистина воскресе! Овој поздрав е вообичаено да се практикува до Спасовден.

На велигденската свечената трпеза мора да има неколку работи:

1. Мед – симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале Евангелието на разни страни.

2. Јагнешко месо – го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.

3. Говедско месо – го симболизира човекот (мудрост), лав (храброст), волот (правдата) и тоа се животни кои во визиите ги видел пророкот Језекил и светиот апостол Јован Богослов.

4. Вапцани јајца – тие се симбол на Велигден иако се предхристијански обичај. Овој симбол на пролетното будење на животот постои и во еврејската религија.

5. Леб – на масата мора да има леб, сол и риба. Сите намирници кои служат за подготовка на празничните специјалитети имаат длабока симболика. Лебот го симболизира Господ.

6.Квасец – тој е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.

7. Сол – укажува на вистински христијанин кој и останаите ги усмерува кон добро. Душата насолена со науката на Исус не подлегнува и не се расипува, а притоа им помага на блиските да ја одржат и да не се расипат.

8. Вино – претворањето на водата во вино го симболизира чудесното претворање на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците Хистови.

9. Грозје, смокви, чичак и трња- тие се симболи на добрите и злите луѓе.

10. Риба – е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење на човечки души за Божјото царство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.